3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави клучот на иднината

BMW го претстави клучот на иднината

kluc pameten1

„BMW“ за моделот „i8“ изработи нов вид на клуч со дисплеј преку кој корисникот добива важни информации за возењето на овој автомобил со хибриден погон.

Откако производителите воведоа отклучување без класичен клуч и стартување на моторот на копче, неговиот дизајн значително се промени.

Во „BMW“ сфатија дека оваа и натаму неопходна направа, може да послужи за пренесување на подетали информации од патниот компјутер. Па така нивните инженери ги зголемија димензиите на клучот и му вградија екран.

kluc pameten

Со оглед дека „BMW i8“ е автомобил со два погонски системи, бензински и електричен, возачот преку екранот може да дознае колку гориво му преостанува во резервоарот, до кое ниво се наполнети батериите и колку километри може да помине пред да остане без бензин, односно електрична енергија.

Компанијата не соопшти дали овој вид на клуч е дел од стандардната опрема на овој автомобил чија цена изнесува преку 100.000 евра или купувачите ќе можат да го добија како дополнителна опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП