21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШервуд е новиот менаџер на Тотенхем

Шервуд е новиот менаџер на Тотенхем

shervud

Раководството на Тотенхем објави дека екипата доби нов менаџер кој ќе раководи со клубот до крајот на сезоната 2014-15.

Станува збор за 44-годишниот поранешен фудбалер на клубот, Тим Шервуд, кој ќе го замени Андре Вилјаш-Боаш по отпуштањето на португалскиот стручњак. Тој започна со работа во минатата недела и постигна успех во своето деби во Премиер лигата, кога Тотенхем успеа да слави со 3:2 на гостувањето кај Саутемптон и се доближија на 4 поени од четвртото место на табелата.

„Немавме апсолутно никаква намера да правиме промена на менаџерскиот пост во средината на сезоната, но имавме чувство дека треба тоа да го направиме за доброто на клубот. Имаме одличен состав и мислам дека им должиме на овие фудбалери добар тренер, кој од нив ќе го извади најдоброто и тие едноставно ќе „блескаат“. Желбата ни е да уживаме во силната сезона со возбудлив финиш“, коментира претседателот на Тотенхем , Даниел Леви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП