17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany да му плати отштета на Swatch од 300 милиони евра

Tiffany да му плати отштета на Swatch од 300 милиони евра

tiffany156

Швајцарскиот „Swatch“ ја доби победата во спорот со американскиот производител на луксузен накит „Tiffany“ во спорот околу пропаднатото заедничко претпријатие за дизајн на луксузни часовници.

Според пресудата на Арбитражниот Институт од Холандија, „Tiffany“ е должна да му исплати на „Swatch“ компензација од 402 милиони франци (327 милиони евра), се наведува во соопштението на швајцарската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Swatch“ ја тужеше американската компанија за попречување на заедничкиот проект започнат во 2007 година.

Швајцарската компанија од некогашниот партнер побара 3,8 милијарди франци, по што „Tiffany“ поднесе контра-тужба, барајќи од „Swatch“ да и исплати 541,9 милиони франци.

Холандскиот Aрбитражен Институт ја отфрли контра-тужбата на „Tiffany“, а извршниот директор на компанијата, Мајкл Ковалски, порача дека е шокиран и исклучително разочаран од таквата одлука, како и дека ќе ги разгледа понатамошните опции со своите адвокати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП