5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСингапурецот Питер Лим ја купува Валенсија?

Сингапурецот Питер Лим ја купува Валенсија?

gazda valensija

Екипата на Валенсија е западната во финансиска криза, но клубот е на пат да најде спасувачка сламка во лицето на сингапурскиот милијардер Питер Лим, кој сака клубот да стане еден од најдобрите во Европа.

Претседателот на „лилјаците“ Амадео Салво бара инвеститор, откако банкарскиот конгломерат „Банкиа“, треба да добие 300 милиони евра од Валенсија, побара клубот да биде продаден.

Според плановите, Лим ќе купи 70 проценти удел од клубот, кои се во сопственост на „Фондацијата Валенсија“. Сингапурецот е подготвен да инвестира меѓу 30 и 50 милиони евра во јануарскиот преоден рок со цел пласман на тимот за Лигата на шампионите. Во моментов се чека одговор на „Банкиа“ за понудата на Питер Лим, која има краен рок – 15-ти јануари.

Во 2010-та година, Питер Лим се обиде да го купи Ливерпул, но тогаш беше надминат од сегашните сопственици на „црвените“ – „Fenway Sports Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП