6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед и Јувентус ќе разменуваат фудбалери

Јунајтед и Јувентус ќе разменуваат фудбалери

Vucnic-nani

Интересен договор може да остварат тимовите на Јувентус и Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок, соопштуваат медиумите во Италија. Според различни извори, двата клуба ќе се обидат да разменат свои фудбалери. Станува збор за Луис Нани и црногорскиот напаѓач Мирко Вучиниќ.

Според извори блиски до Манчестер Јунајтед, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс не би имал ништо против за слична зделка, уште повеќе ако се има предвид слабата форма во која се наоѓа Нани во моментов.

По доаѓањето на Мојс на „Олд Традорд “, Нани го загуби првотимскиот статус во тимот на Јунајтед, а од почетокот на сезоната има едвај пет натпревари како стартер во првенство.

Во исто време ситуацијата на Вучиниќ не е многу поинаква. Напаѓачот исто е резерва во својот тим за сметка на Фернандо Љоренте и Карлос Тевез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП