2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен моделот Citroen DS 5LS (фото)

Претставен моделот Citroen DS 5LS (фото)

ds5ls

„Citroen“ го претстави својот нов „DS 5LS“ модел кој е дизајниран специјално за Кина. Овој автомобил поседува „DS Wings“ решетка која е инспирирана од концептот „Wild Rubis“ и која се шири до светлата.

Моделот исто така поседува и светла за дневно возење во облик на бумеранг, хромирани детали и „LED“ со интегриран хромиран прстен кој дава тродимензионален изглед.

ds5ls1

Кабината за патниците е опкружена со премиум материјали, вклучувајќи кожен тапацир, дрвени украси, како и металик детали. Возилото може да биде опремено и со предни седишта кои нудат масажа, премиум аудио систем и освежувачи за воздух.

ds5ls2

Останатите опции вклучуваат влегување без клуч, како и систем за забава на патниците на задните седишта. Детални спецификации за перформансите не се откриени, но „DS 5LS“ може да биде опремен со „THP“ мотори со снага од 160 и 200ks.

ds5ls3

Двата мотори ќе бидат поврзани со шестстепен автоматски менувач. Моделот „DS 5LS“ ќе се изработува во фабриката на компанијата во Шензен, а во продажба ќе се појави во март 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП