28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ20-те најбизарни закони за автомобили во светот

20-те најбизарни закони за автомобили во светот

avtopat zakoni

Доколку овие денови одлучивте со вашето возило 100 пати да поминете околу градскиот плоштад во Охајо, подобро да се подготвите да платите казна. Тешко вас доколку низ Масачусетс се возите со горило на задното седиште или ако низ Шпанија немате два пара на очила, затоа што овие работи ви се забраните, а претставуваат некои од најбизарните закони за автомобили, ширум светот.

Ви ги претставуваме 20-те најлуди закони во светот:

– Во Британија и натаму е во сила законот според кој во секое такси мора да има по една бала сено и вреќа зоб.

– Сите дански возачи мораат да проверат под автомобилот пред да започнат со возење во случај да не се „наоѓа човек под возилото“.

– Во Луксембург сите автомобили мораат да имаат брисачи, дури и оние кои немаат шофершајбна.

– Во Германија е незаконски да се остане без гориво на автопат.

avtopat zakoni1

– Во Шпанија во секој момент во автомобилот морате да имате дополнителен пар очила.

– Во Естонија сите возачи во возилата мораат да имаат два дрвени клина кои се ставаат под тркалата при паркирање.

– Ако во Јапонија со автомобилот испрскате пешаци, можете да очекувате казна од околу 65 долари.

avtopat zakoni2

– Во Алабама е дозволено да се вози во едносмерна улица, доколку на предниот дел на автомобилот имате закачено фенер.

– Во Калифорнија незаконски е да се сконке од автомобил кој се движи со брзина од 100km/h.

– Во Калифорнија исто така е незаконски да се користи автопатот како место за спиење.

– Во Калифорнија и Тенеси е забрането да се пука во животни од автомобил во движење, освен ако животното е кит.

avtopat zakoni3

– Во Флорида постои закон кој вели дека, ако слон е врзан за паркинг-метар, неговиот сопственик мора да плати паркинг карта.

– Во градот Сарсота на Флорида казната за удирање на пешак со автомобил изнесува 78 долари.

– Во Масачусетс ќе добиете казна ако на задното седиште возите горило.

– Во Невада е забрането да се јава камила по автопат.

– Ако 100 пати со вашето возило поминете околу градскиот плоштад во Охајо ќе добиете казна.

– Во Колорадо и натаму постои закон со кој е забрането во недела да се вози црн автомобил.

avtopat zakoni4

– Во Монтана не е дозволено да се остави овца без надзор во камион.

– Во Њу Џерси не смеете да му се намуртите на сообраќајниот полицаец.

– Во Мисури со закон е забрането да се труби со туѓа сирена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП