3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes на слатки маки поради S class

Mercedes на слатки маки поради S class

daimler problemi

Компанијата „Daimler“ соопшти дека поради преголемата побарувачка за „Mercedeѕ S сlasѕ“ ќе го зголеми производството на оваа луксузна лимузина.

За да излезе во пресрет на зголемениот интерес на купувачите, „Mercedes“ од 2014-та година ќе го продолжи работното време на вработените во фабриката во Зинделфинген во Германија за дополнителни 74 минути дневно. Работното време веќе во 2013-та беше продолжено за 30 минути, а доколку беше потребно дополнителни смени беа воведени и во саботите.

Покрај тоа, „Mercedes“ беше принуден да воведе и дополнителни смени и во текот на ноември и декември во погонот во Бремен каде се изработуваат моделите „GLK“ и „C сlasѕ“.

Германскиот производител ја зголеми продажбата на автомобили во текот на првите 11 месеци во 2013-та година за 11 проценти, во споредба со истиот период од 2012-та година. До крајот на ноември на купувачите им беа испорачани 1.32 милиони возила.

Продажбата е веќе постигната и благодарејќи на воведувањето на дополнителните смени во фабриката на „Mercedes“ во Раштат, каде се произведуваат моделите „A сlasѕ“ и „B сlasѕ“, но и во погоните во Алабама (САД) каде се изработуваат „SUV“ возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП