5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го договори Гуарин

Челзи го договори Гуарин

CFR 1907 Cluj vs Internazionale Milano

Екипата на Челзи ќе потпише 3,5-годишен договор со халфот на Интер, Фреди Гуарин, пренесува „Газета дело спорт“.

Од „Џузепе Меаца“ веќе прифатиле да го продадат својот фудбалер за сума од 15 милиони евра, кои можат да станат и 18 милиони при спроведувањето на одредени клаузули како голови, натпревари и освоени трофеи.

Се очекува Гуарин да е единственото ново засилување на лондончани во оваа зима. Првично менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо дури објави дека нема да купува нови играчи во јануари, но на крајот очигледно е дека се предомислил.

Интерес кон веќе поранешниот фудбалер на „нероаѕурите“ покажаа уште два англиски клуба, а стануваше збор за екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП