Раководството на актуелниот шампион на Франција направи многу амбициозен план за во јануарскиот преоден рок.
ПСЖ во градот на светлината сака да ги доведе, играчот на Челзи, Еден Азар, играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба и дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан. Оваа информација денеска ја објави „France Football“.
Францускиот весник наведува дека овие тројца фудбалери се најголемата желба на ПСЖ за во наредниот период.
„„Светците“ би можеле да понудат 40 милиони евра за Азар и 50 милиони за Погба, а под знак прашалник е сумата која би ја понудиле за играчот на „кралевите““, се вели во информацијата на „France Football“.
Весникот, исто така, наведува дека фудбалерот на Челзи, Хуан Мата, играчот на Њукасл, Јохан Кабај, Даниеле де Роси од Рома, како и играчот на Лацио, Хернанеш се желба на тренерот на ПСЖ, Лоран Блан во јануарскиот преоден рок.