28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да им одолеете на искушенијата и да продолжите со вашата диета

Како да им одолеете на искушенијата и да продолжите со вашата диета

D

Решивте да држите диета, направивте распоред што кога ќе јадете, дури и сте зготвиле по план, но не сте ги предвиделе искушенијата кои за момент ќе ве замислат. Тешко е да се држи диета кога сите околу вас уживаат во вкусните нездрави јадења, нели?

Држењето диета никогаш не е лесно, особено кога наидувате на толку многу искушенија околу вас кои ја испробуваат цврстината на вашиот карактер и решеноста да ослабите. Особено кога сте на работа, со уредно спакувано јаболко, а колешката до вас ги вика сите на ручек во блиската кафана или носи чоколадо кое сака да го подели со вас.

Најновите истражувања покажаа дека колегите на работа се најголеми непријатели на витката линија. Студијата која ја направија научниците на Флорида вклучува 325 испитаници кои држеле диета, а дури третина од нив одговориле дека колегите ги убедуваат да го прекршат режимот на исхрана, пренесува „Daily Mail“. Без разлика дали се работи за „расфрлање“ со чипс и чоколадо или убедување да одите на ручек, последиците за витката линија и вашата решеност да издржите во намерата, можат да бидат погубни.

Тука некаде се и вашите пријатели кои на организираната забава или вечер во кафана, можат да бидат доста несолидарни, нудејќи ве со храна која е строго забранета во вашата диета.

Вистината е дека, без разлика колку можете да издржите со препишаната исхрана, окружувањето може да биде голема препрека. Она што треба да го направите е да извежбате одговори кои нема да поттикнат несакана реакција. „Многу пати сум јадела од ова што ми нудиш и секогаш е одлично, но моментално не смеам да јадам меѓу оброци, бидејќи тоа не е добро за моето здравје“ е еден од одговорите на кој повеќе нема да ви здодеваат, обидувајќи се да ве натераат да го пробате тоа што ви се нуди.

Најголемиот предизвик кој одлучува дали вие ќе истраете во диетата или не се бизнис ручеците, без разлика дали се работи за нов клиент, обид да се вклопите во новата работна атмосфера или само да бидете колегијални. Во вакви случаи имате две решенија, или да се пошегувате на ваша сметка или да го завршите состанокот и ручекот, пред некој да нарача десерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП