2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon: Имаме гас за 200 години

Exxon: Имаме гас за 200 години

exxonoil1

Енергетската компанија специјализирана за природен гас „Exxon“, верува дека до 2040 година светската побарувачка за тој ресурс ќе порасне за 65 проценти.

Како што се наведува во анализата на експертите од „Exxon“, природниот гас за 30 години ќе задоволува четвртина од глобалните енергетски потреби.

Како што се наведува, нафтата во наредната четвртина век и понатаму ќе биде примарен енергетски извор на светскиот пазар, а до 2040 година својот дел ќе го зголеми за уште 25 проценти и тоа после унапредувањето на технологијата за експлоатација на океаните и од шкрилците.

Експертите на американската компанија сметаат дека планетата има доволно залихи на гас за уште 200 години, но дека 40 проценти од тие залихи моментално се „заробени“ во неконвенционални извори како што се шкрилците.

Се очекува дека со технолошкиот напредок, црпењето на гас од тие извори ќе сочинува третина од глобалното производство до 2040 година, а примарен извор ќе биде Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП