29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие производи не смееме да ги користиме секојдневно!

Овие производи не смееме да ги користиме секојдневно!

antibak1

Постојат одредени производи за кои мислиме дека со секојдневна употреба придонесуваме за подобро здравје и превенција, а всушност го правиме токму обратното – му штетиме на организмот и не го оставиме да си ја врши својата работа. Еве кои се тие.

Капки за очи

Дури и ако изгледате како цела вечер да сте пиеле (или навистина сте го правеле тоа), избегнувајте редовно да користите капки наменети за отстранување на црвенилото во очите. Капките можат да ги прикријат проблемите како алергии или иритација добиена од носење леки, но ако се навикнете на нив, очите ќе ви бидат постојано црвени.

Повременото користење е во ред, но ако очите ви се постојано црвени, најдобро е да посетите лекар и да ја откриете причината за тоа, па потоа да почнете со адекватно лечење.

Антибактериски сапун за раце

Многумина се залетуваат по антибактериските сапуни за раце, мислејќи дека подобро го заштитуваат организмот од несакани патолошки влијанија. Вистината е дека ознаката „антибактериски“ не значи ништо, а од друга страна, организмот сосема добро се грижи за себе. Исто така, сите бактерии не се штетни.

Претераната употреба на „посилни“ производи за хигиена, на долг рок само може да ја намали имунолошката способност на организмот. Обичниот сапун и вода се сосема доволни, се додека ги миете рацете околу 20-тина секунди, измеѓу прсти, под нокти и потоа добро да ги исплакнете и избришете.

Тоници за лице

Тониците за лице се препорачуваат да се користат по бришењето на шминката за да ја вратат киселоста на кожата. Но, ако вашето средство за отстранување шминка не ја загрозува киселоста, тогаш ни тоникот не ви е потребен. Наместо тоник, користете нежни сапуни без мирис и без антибактериски состојки, а доколку имате мрсна кожа, тогаш користете тоник без алкохол.

Мултивитамини

Овие додатоци во исхраната не им се потребни на здравите луѓе кои не патат од недостаток на витамини. Всушност, со дополнително земање на витамините и претерување во истото, може само да му наштетите на организмот. Така на пример, премногу витамин А може да го оштети црниот дроб, додека преголемите количини витамин Ц може да предизвикаат камен во бубрегот или дијареја.

Доколку не патите од недостаток на витамини, доволно е да јадете овошје и зеленчук.

Течност за плакнење на уста

Лошиот здив најчесто е знак на расипан заб или некои други проблеми со дигестивниот тракт. Прикривањето со употреба на течност за плакнење на уста, нема да го реши проблемот. Во овој случај, прво обратете се кај забар, кој ќе ви каже дали проблемот е во забите или друг дел од организмот. Миењето заби два пати дневно, користењето конец за заби и редовната посета на стоматолог треба да се доволни.

Миризливи производи за жени

Ароматизираните производи за секојдневно користење не се препорачуваат, бидејќи можат да бидат пресилни и да предизвикаат инфекции или иритации. Меѓу производите кои треба да ги избегнувате се производите за интимна нега, миризливи тампони, спрејови или влошки. Во овој случај, најдобро е да користите благи сапуни и вода само за надворешна употреба.

Производи за спречување на настинка

Ако сте почнале да шмркате со носот, не значи веднаш да се фрлите на витамин Ц и различни прашоци за спречување на настинката. Исто така, треба да бидете внимателни со спрејовите за нос, особено оние на база на цинк, бидејќи можат да го оштетат сетилото за мирис, во некои случаи, дури и трајно.

Она што треба да го правите секој ден е редовно да ги миете рацете, особено во сезона на настинки и грип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП