26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTwin up! концепт автомобил – градски специјалист со plug-in хибриден систем

Twin up! концепт автомобил – градски специјалист со plug-in хибриден систем

tvin

Volkswagen го претстави Twin up! концепт автомобил на автомобилскиот саем во Токио. Опремен со plug-in хибриден систем и четири седишта, возилото има неверојатно ниска просечна потрошувачка од 1.1 литри на 100 km.
Најголемиот европски производител на автомобили постојано ја проширува својата гама со автомобили кои имаат алтернативни погонски системи, таков е и Twin up! кoнцепт автомобилот кој за прв пат се појавува на најважниот автомобилски саем во Азија, а тоа е саемот во Токио, возилото е всушност Plug- in хибридна верзија на успешниот градски специјалист up! Автомобилот со четири седишта споделува дизел мотор, електрични мотор и двојна спојка (DSG) со најекономичниот автомобил во светот XL1.

Погонскиот систем лоциран е во предниот дел на Twin up!. Системот има моќност од 55 kW, со 0,8 литарски TDI мотор со 35 kW, електричен мотор со 35 kW  и 7 – степен DSG менувач. Резервоарот поставен е во задниот дел, има капацитет од 33 литри, а се наоѓа под задната клупа и багажниот простор: литиум јонската батерија има капацитет од 8,6 kWh, а тука е и батеријата со 12V за електричниот систем на возилото. Тоа му овозможува на концепт автомобилот да има просечна потрошувачка на гориво од 1,1 l/100 km (според NEDC) и емисија на СО2 од 27 g / km.

Без емисија на СО2 Twin up! има опсег од 50 km и забрзува до 60 km/h за само 8,8 секунди, максималната брзина со електричен погон изнесува 125 km/h. Со Plug-in  хибридниот системот автомобилот ја достигнува максималната брзина од 140 km / h,  а во исто време обезбедува висок вртежен момент за вака мал автомобил, дури 215 Nm.

Возачот на Twin up! сам одлучува на каков погон ќе биде придвижувано неговото возило.  Изборот се прави со едноставно притискање на копче. Volkswagen го претставува концепт автомобилот во Токио во ексклузивна “Пенливо бела боја” со дополнителни визуелни ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП