
Во англиската Премиер лига играат некои од најдобро платените фудбалери во светот. Кои се сепак најдобро платените фудбалери на Островот со британско потекло?


Во англиската Премиер лига играат некои од најдобро платените фудбалери во светот. Кои се сепак најдобро платените фудбалери на Островот со британско потекло?
Вејн Руни, 28- годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ја предводи листата, според весникот „Wealth –X“. Неговата нето-состојба се пресметува на 45 милиони фунти (73.8 милиони долари). Неделната плата на Руни е околу 250.000 фунти (410.000 долари), пред даноци и такси, согласно со неговиот постоечки договор. Голем дел од финансиите на Руни, сепак доаѓаат од рекламните договори со компании, како „Nike“ и издавачот на книги „HarperCollins“.
Во листата на најбогати британски фудбалери влегуваат уште тројца играчи на „црвените ѓаволи“ – Рио Фердинанд, Мајкл Карик и Ешли Јанг. Вкупното богатство на четворицата членови на актуелниот шампион на Англија е 111 милиони фунти (182 милиони долари).
Играчи на Челзи исто така се наоѓаат во топ 5 листата на најбогати британски фудбалери. Богатството на 35-годишниот Лампард се проценува на 31 милиони фунти (50 милиони долари), со што тој се најде на третото место, додека 33-годишниот Џон Тери е четврти со богатство во износ од 29 милиони фунти (47,5 милиони долари). Капитенот на Ливерпул, 33-годишниот Стивен Џерард, е на петтото место во рангирањето со состојбата во износ од 29 милиони фунти.
По Џерард се рангираат 32-годишниот Џо Кол од Вест Хем и дефанзивецот на Челзи, Ешли Кол. Играчот на Манчестер Сити, Џејмс Милнер е најмладиот фудбалер во топ 10 со своите 27 години.
Вкупното богатство на 10 – те најбогати британски фудбалери изнесува 255 милиони фунти (418 милиони долари).