2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Liquide очекува забрзан раст во продажбата

Air Liquide очекува забрзан раст во продажбата

air-liquide

Францускиот гигант „Air Liquide“, кој е специјализиран во областа на индустрискиот гас, предвидува дека до 2015-та година ќе оствари поголем раст од пазарот на индустриски гас.

До 2015-та, овој втор најголем производител на индустриски гас, по германската компанија „Linde“, очекува просечен годишен раст во продажбата од 5 до 7 проценти, што е за отприлика 2 проценти над пазарниот раст во оваа област.

„Air Liquide“ во 2010-та година ја започна програмата за намалување на трошоците за една милијарда евра, а сега тој износ е зголемен на 1.3 милијарди евра во фискалната 2012-та година, додека планираната вредност на инвестицијата до 2015-та година ќе изнесува 12 милијарди евра.

На подолг рок (до 2020-та), групацијата смета на раст на приходите од 6 до 9 проценти годишно, како и на оперативна маргина од 11 до 13 проценти.

Кон крајот на октомври компанијата го потврди својот капацитет дека и во 2013-та е зголемен нето-профитот кој во 2012-та изнесуваше 1.6 милиони евра и бил за 4.9 проценти поголем од претходната година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП