3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн тргнува по петта титула и пет милиони долари

Баерн тргнува по петта титула и пет милиони долари

FIFA_club_world_cup1

Петта титула и 5 милиони долари – тоа треба да е пред Божиќ подарок во супергодината на Баерн Минхен. Пет пати „баварците“ се еврошампиони, но сега се дебитанти во светското клубско првенство, на кое овој пат домаќин е Мароко.

Победникот ќе добие 5 милиони долари од наградниот фонд, ништожни пари во споредба со наградните фондови од останатите трофеи до кои дојде Баерн – ЛШ , Бундеслигата , Купот на Германија и Суперкупот на Европа.

Во германскиот гигант има човек кој досега два пати ја крена светската титула. Пеп Гвардиола триумфираше со Барселона во 2009-та и 2011-та година.

„Доколку го освоиме и оваа првенство, тоа ќе биде за поранешниот тренер Јуп Хаинкес, затоа што тоа е негова заслуга“, рече напаѓачот Томас Милер.

Може ли некој да запре машината од Минхен? Неговото име е Роналдињо!

Иако е на залезот од кариерата, маѓепсникот го доведе Атлетико Минеиро до Копа Либертадорес. Откако постои светското клубско првенство, четири пати Бразилци успеаа да триумфираат и тоа Коринтијанс ( 2 ), Сао Паоло и Интернационал. А Европа се гордее со 5 трофеи – два на Барса, по еден на Интер, Милан и Манчестер Јунајтед.

Новата атракција е кинескиот Гуангжу кој стана за прв пат шампион на Азија. Бразилското дуо Мурики и Елкесон, заедно со аргентинскиот плејмејкер Дарио Конса шират страв низ Далечниот Исток. Триото предводи цела армија од кинески репрезентативци.

Рекордери по учества на турнирот се шампионите на Африка и КОНКАКАФ. Египетскиот кошмар, Ал Ахли по четврти пат ќе го претставува „црниот континент“. Најдобар пласман им е трето место во 2006-та година, а мексиканскиот Монтереј по трет пат ќе биде дел од овој турнир.

Инаку, Светското клупско првенство започнува денеска, а финалниот натпревар ќе се одигра на 21-ви декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП