26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои модели Русите најмногу ги купуваат?

Кои модели Русите најмногу ги купуваат?

lada grantaa

Како и обично, лидер меѓу автомобилските брендови на рускиот пазар во 2013-та година е Лада со 417.400 продадени возила за 11 месеци. Сепак, и покрај големата популарност во Русија во 2013-та се продадени 16 проценти помалку од овие автомобили во споредба со истиот период од 2012-та година.

На второ место е Рено со 191.200 продадени возила, но, исто така со зголемување од 11 отсто, трета е Киа (181.900 автомобили со раст од пет проценти), додека на четвртата позиција е Хјундаи (166.900 возила, што претставува зголемување од три проценти).

Првата петорка се затвора со Шевролет, чија продажба падна за 18 отсто, на 155.900 возила.

Најпопуларен модел на рускиот пазар за изминатите 11 месеци беше Лада Гранта за кој се одлучи 154.000 корисници, што претставува годишен пораст од 43 проценти.

Следат Хјундаи Соларис, односно четвртата генерација на Акцент (105.000 возила, што претставува зголемување од два проценти), Киа Рио (82.800, раст од пет проценти), Рено Дастер со 75.700 продадени примероци и зголемување на продажбата за дури 86 проценти (всушност Дачија Дастер кој во Русија се продава под ознаката на француската компанија) и Фолксваген Поло (65.900, три проценти раст).

Продажбата на патнички автомобили и лесни комерцијални возила во Русија се намали во првите 11 месеци од 2013-та на шест проценти, во споредба со истиот период од 2012-та година. Од почетокот на годината, завршувајќи со ноември , рускиот пазар има продадено 2.510.000 автомобили.

Во ноември, продажбата падна за четири проценти во споредба со истиот месец од 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП