5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever превзема мерки за штедење

Unilever превзема мерки за штедење

unilever

Англо-холандскиот гигант „Unilever“, познат по брендовите „Мagnum“, „Lipton“ или „Dove“, превзема мерки за штедење поради забавување на растот на пазарите во развој.

Во рамките на тие мерки за штедење, тие планираат намалување на асортиманот за 30 проценти и згаснување на околу 2.000 работни места.

Вториот светски производител во секторот на стока за широка потрошувачка, уште од 2000-та година се наоѓа во процесот на реструктуирање, а овој пат реорганизацијата особено се однесува на индустријата за прехрамбени производи во која се наоѓаат позантите брендови како што се „Lipton“, „Magnum“, „Knor“ или мајонезот „Hellman`s“.

Целта на нивната мерка, според зборовите на финансискиот директор, Жан-Марк Хуета, е фокусирање на 15-тина најзначајни брендови, додека сите оние кои немаат стратешко значење за раст на компанијата, повеќе нема да бидат дел од асортиманот.

Уште во септември компанијата објави дека забавувањето на активностите на пазарите во земјите во развој ќе ги принудат на значајни заштеди. За 2014-та година оваа мултинационална групација планира намалување на трошоците за 500 милиони евра.

„Unilever“ повеќе од половината од приходите ги остварува во земјите во развој, а најголем дел во Индија и Кина. На забавувањето на продажбата многу влијае и слабоста на индиската и индонезиската парична единица, како и бразилскиот реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП