29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОстанати уште 50 примероци од Veyron

Останати уште 50 примероци од Veyron

veryronce

Од „Bugatti“ соопштија дека од планираните 450 примероци на моделот „Veyron“, досега 400 возила ги пронајдоа своите нови сопственици.

Од кога во 2005-та беше претставен моделот „Veyron“, „Bugatti“ продаде 300 примероци од различини купе верзии на овој автомобил и 100 од предвидените 150 возила со отворен покрив. Тоа значи дека на потенцијалните купувачи на располагање им останале само уште 50 примероци од „Roadster“ верзијата.

Јубилејното 400-то возило кој го доби својот сопственик е „Veyron Grand Sport Vitesse ‘Legend Jean-Pierre Wimille Edition“. Станува збор за еден од само трите произведени примероци од оваа специјална серија, а ќе биде испорачан на купувач од Блискиот Исток, кој за овој автомобил бил подготвен да плати 2.13 милиони евра.

Автомобилот е обоен во две нијанси на сина боја, а го придвижува познатиот W16 мотор со 1.200 ks (882 kW) и 1.500 Nm максимален вртежен момент. Овој „Veyron“ до „стотка“ доаѓа за 2.6 секунди, а максималната брзина изнесува 408 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП