4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 06.12.2013

Техничка анализа EUR/USD 06.12.2013

oiopoiooi

По вчерашните објавени резултати во Еврозоната и САД европската валута во однос на американскиот долар повторно се искачи со засилен моментум од цена 1,3545 на 1,3673 што изнесува 130 пипа а воедно и претставува добар пробив од претходната ренџ зона и најверојатно ќе продолжи со нагорниот тренд и денес.

Позначителни нивоа на поддршки каде може да поставиме куповни налози се моменталната цена 1,3660 или при евентуална корекција надолу, подобра цена за купување е 1,3607 која е цена на вчерашното пробивање од ренџ зоната.

Денес е исклучително важен ден кога се објавуваат највлијателните податоци за американската економија, точно во 14:30 часот по наше време, објавата за бројката на невработеноста во производствениот сектор кој ги опфаќа сите приватни производители со исклучок на државната администрација и земјоделската индустрија или скратено “NFP”.

Во претходните објави проследивме шокантно-обратни резултати во однос на аналитичарите кои секогаш предвидуваат тотално погрешно, дали дека им е наложено од властите или се и самите манипулирани не се знае, но како и да е официјалните резултати се секогаш најреални и влијаат правилно на движењето на цената на американскиот долар. Претходните предвидувања за бројката на невработеност изнесуваше 120 000 лица , а се објави статистика за невероватни 204 000 лица кога после тоа следеше вистинска бура на берзата на валути и еврото пропадна за 200 пипа во однос на доларот.

Но и покрај тоа и покрај сите напори на европјаните за намалување на вредноста на сопствената валута, еврото останува појако во однос на доларот и ја држи линијата на нагорен тренд и веројатно е дека ќе се искачи до највисоката цена за 2013-та година околу 1,3800.

Графички приказ:

euru

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП