27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЅвездите и нивните бизниси

Ѕвездите и нивните бизниси

Многу светски познати личности ги вложуваат своите пари во бизнис за да направат уште повеќе пари и да си осигураат мирна старост.

Многу ѕвезди ги водат своите бизниси надвор од шоу бизнисот и не зборуваат за тоа. Веројатно, желба им е нивните бизниси и производи да говорат сами за себе, а не да бидат претставени преку нивните имиња и популарност.

sandra1

Сандра Булок води ресторан и тоа не е ништо ново кога се филмските ѕвезди во прашање, но таа во тој ресторан продава еколошки свеќи „Bessence“ од сојно масло кое самата го произведува. Цената за една свеќа е 40 долари. Сандра Булок има и компанија која се занимава со организирање на свечености, па кај неа може да се набави и пециво и цвеќе. Сите ја фалат дека е многу способна.

kris1

Крис Норт својот приватен бизнис го базира на музика. Тој е мнозински партнер на ноќниот клуб „Menhetn The Cutting Room“ каде што може да се слушне добар џез, блуз и соул. Инаку, тој овде сака да ги промовира и неоткриените таленти. На неговата сцена запеале и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.

farel1

Фарел Вилијамс, американската хип-хоп ѕвезда, композитор и продуцент, ја сака модата и тука и ги вложил своите пари. Неговите две линии „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе доживеаа успех, но Фарел реши да влезе во бизнис со производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Бизнисот, вели, добро оди и материјалите се исклучително меки и долготрајни. Планира да направи ланец на продавници низ целиот свет.

alisa1

Алиса Милано лансираше спортска гардероба за жени кои уживаат во спортот како и таа самата. Модната линија „Touch“ е критикувана како удобна и секојдневна, но и со многу стил. Алиса е задоволна од продажбата.

stivk1

Стив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“, во кои можете да најдете накит, подароци, играчки и други забавни ситници. Стив за „CNN“ изјави дека ваквиот бизнис го почнал од љубов, но и дека тоа е сериозен бизнис. Инаку, водењето на продавниците и ги доверил на својата снаа.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП