19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDelta Wing го тужи Nissan поради концептот BladeGlider

Delta Wing го тужи Nissan поради концептот BladeGlider

delta

Компанијата „Delta Wing Technologies“, позната по учеството на трките за издржливост, одлучи да го тужи јапонски „Nisѕan“ поради неодамна претставениот проект „BladeGlider“, но и за „ZEOD RC“ тркачкиот модел, за кои сметаат дека директно потекнуваат од возилата „DeltaWing“ и претставуваат еден вид интелекутална „кражба“.

Имено, „DeltaWing“ се одлучи за настап на „Le Mans“, а во меѓувреме во целата приказна „влезе“ и „Nisѕan“ како снабдувач за мотори за овој контроверзен проект.

Неодамна „Nisѕan“ одлучи да се повлече од се, а само пред една недела во Токио за прв пат јавно претстави два свои концепти – тркачкиот „ZEOD RC“, кој многу наликува на поректот на „DeltaWing“, како и патничката верзија под името „BladeGlider“.

delta1

Поради тоа „Delta Wing Technologies“ покрена тужба поради наводна кражба на интелектуалната сопственост, но не само против „Nisѕan“, туку и против одредени лица вработени во оваа јапонска компанија.

Пред се, обвинет е шефот на мотоспорт одделението, Дарен Кокс, како и Бен Бовлби, еден од главните инженери, кој во „Nisѕan“ премина од „Delta Wing Technologies“, a бил ангажиран како лидер на тимот за споменатиот „DeltaWing“ проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП