ПочетнаАВТОБИЗ„VW“ го враќа „Touareg“ за оние кои би можеле да купат „Porsche“,...

„VW“ го враќа „Touareg“ за оние кои би можеле да купат „Porsche“, но не сакаат

„Volkswagen“ неодамна престана да прима нарачки за „Touareg“ додека се подготвува да го прекине производството на моделот. Сепак, компанијата не се откажа целосно од големиот „SUV“, размислувајќи за електричен наследник наменет за богати клиенти.

„Ние сме бренд за луѓето, но ‘Touareg’ има свое место и затоа ги разгледуваме можностите за следната генерација“, коментираше раководителот на продажба и маркетинг на „Volkswagen“, Мартин Сандер, цитиран од британското издание „Autocar“.

Тој додаде дека и покрај ниската продажба на моделот, сè уште постои одреден тип клиенти кои сакаат одличен дизајн и простор, како и многу високо ниво на квалитет и софистицираност, но од некоја причина не сакаат да бидат поврзани со премиум бренд. Во суштина, овој автомобил е за луѓе кои сакаат луксуз и стил на „Audi“, но со значка на „Volkswagen“. Сандер продолжи да ги опишува клиентите на „Touareg“ како „многу приземјени луѓе кои се богати, но скромни и не сакаат да се истакнуваат“.

„Многу од нив имаат свои бизниси и сметаат дека испраќаат погрешен сигнал ако се појават на состанок со клиент кој вози ‘Porsche Macan’, на пример“, објаснува врвниот менаџер.

Тој додаде дека ако новиот „Touareg“ биде одобрен, ќе биде електричен, користејќи го новиот „Porsche Cayenne“ како основа.

Ова значи дека идниот „ID. Touareg“ (моделот сигурно ќе се вика така) ќе го добие погонскиот склоп на основниот „Cayenne Electric“ со батерија од околу 113 kWh, брзо полнење од 390 kW DC и систем за погон на две тркала што произведува вкупна моќност од околу 435 ks.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП