20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови Audi модели за ФК Барселона

Нови Audi модели за ФК Барселона

A

На фудбалскиот терен на фудбалерите на Барселона потребна им е психичка сила повеќе од било кое друго место.

Тие заедно со Audi, нивниот долгогодишен партнер, искусија што значи со помош на концентрацијата да се придвижуваат тркачки автомобили – иако беа многу помали од вистинските Audi автомобили во размер 1:24.

A

 

Специјалните уреди ги пренесуваа импулсите до компјутерот. Колку поголема концентрација толку побрзо се движеа автомобилите на автодромот.

Концентрираното трепкање со око исто така ги забрзуваше минијатурните автомобили на соодветно малата тркачка патека.

A

 

Дружењето и натпреварувањето со 24 деца на возраст од 9 до 11 години ги расположи Меси, Чави, Нејмар и останатите фудбалери на Барселона пред официјалното предавањето на нивните  нови Audi автомобили.

 

Audi е партнер на фудбалскиот клуб Барселона уште од 2006 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП