И оваа година, Пакомак ја поттикна креативноста, иновативноста и еко-свеста преку организација на традиционалниот натпревар за уметнички дела создадени од амбалажен отпад „Trash for Art“. Организиран со цел да покаже дека амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се искористи за создавање уметнички дела.
Секое пријавено дело на свој начин ја раскажува приказна за одговорноста кон животната средина и ја потврдува силната порака дека отпадот може да добие нов живот преку уметноста.
Жирито имаше навистина тешка задача, имајќи предвид дека пристигнаа бројни квалитетни и инспиративни творби. По внимателно разгледување, беа избрани најдобрите во категориите: градинки, основни училишта, како и поединци и други организации, при што најуспешните учесници беа наградени со парични награди за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и трето место (10.000 денари).
Како резултат на партнерската поддршка и заедничката еко-мисија за почиста и поодржлива животна средина посебни награди беа доделени и во рамки на 2 специјални категории. Првата, за уметнички дела изработени од електронски отпад поддржана од компанијата за собирање на електрична и електронска отпадна опремаНула Отпад, а втората специјална категорија за делата направени исклучиво од амбалажа од производите на фармацевтската компанија Алкалоид.
Организаторот Пакомак заедно со своите партнери, упатува искрени честитки до сите победници, како и благодарност до сите учесници за нивната посветеност, труд и инспиративни идеи. Со нивниот придонес, Trash for Art и оваа година прераснува во еко-свесна платформа што ги спојува уметноста, едукацијата и одржливоста.
Ова се наградените:
КАТЕГОРИЈА ГРАДИНКИ
Прво место: Приватна градинка Светот на Колорес, Скопје Награда: 30.000 денари Дело: Срце што се грижи