4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНосталгија за еден автомобил - Lancia Delta HF Integrale (фото)

Носталгија за еден автомобил – Lancia Delta HF Integrale (фото)

lancia delta

Независниот дизајнер Анџело Граната преку компјутерски 3D модел го оживеа легендарниот спортски автомобил – „Lancia Delta HF Integrale“. Концептот покрај модернизираниот изглед го задржа препознатливиот визуелен идентитет на оргиналниот модел.

Носталгијата која е присутна кај љубителите на автомобили е нешто на што производителите сметаат кога ќе немаат инспирација или кога сакаат повторно да заработат на веќе експлоатираната дизајнерска идеа.

lancia delta1

Така настанаа, модерната „буба“, „MINI“, „FIAT 500“, но и многу други современи модели со ретро изглед.

Актуелното семејство на модели на производителот „Lancia“ е далеку од она што сонуваат најголемите фанови на овој бренд. За многу од нив, моделот „Delta Integrale“ претставуваше срце и душа на италијанската автомобилска марка.

Анџело Граната се обиде тој сон за момент да го направи реалност, барем преку компјутерските цртежи.

lancia delta2

Според неговата идеа, новата „Lancia Delta Concept“ би имала и одговарачки погонски агрегат позајмен од актуелната гама на групацијата „FIAT“. Станува збор за 1.75 литарскиот турбо-бензинец со 240 ks кој го користи моделот „Alfa Romeo 4C“.

Моторот би бил поврзан со шестбрзински мануелен менувач, а снагата би се пренесувала на сите 4 тркала.

lancia delta3

Граната отиде и чекор понатаму во соништата, па претпоставува дека таквиот мотор би и овозможило на „Lacia Delta Concept“ oд 0 дo 100 km/h да забрзува за 6,2 s, пред да ја достигне максималната брзина од 242 km/h. Цената пак, повторно според дизајнерот, би изнесувала околу 32.000 евра.

Како ви се допаѓа неговата „Lancia Delta Concept“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП