ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.03.2026

Дневен хороскоп 05.03.2026

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Прашањата поврзани со пари денес ќе ви бидат опсесија. Имате потреба за поголема набавка, па поради тоа морате да ја ревидирате состојбата на сметката. Се ќе успеете да решите, само доколку не се нервирате. Бидете тактични и логични.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Нови идеи ќе ве предизвикаат на размислување со полна пареа во врска со можностите и начинот на живот. Можеби ќе сакате да промените некоја рутина до која се држите цел живот. Размислете за се што ви се нуди и немојте да правите ништо нагло.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ова е одличен ден за дружење со саканата личност, па настојувајте што повеќе време да потрошите на тоа. Денес ќе се чуствувате многу сензуално и страствено. Размислете за се што ви се нуди и немојте да правите ништо нагло.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Денес би можеле да почувствувате голема желба за потенцијалниот или моменталниот партнер. Ако таа личност е далеку од вас би можеле дури да се одлучите изненадно да го посетите. Ако е тоа невозможно, немојте да очајувате.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Денес би можеле да се најдете во интересни деловни преговори кои ќе ви донесат преобразба на вашето работно место. Нема да можете да видите корист од тоа веднаш, па немојте да се одрекувате од она што го имате сигурно. Пред да донесете било каква одлука добро прочешлајте ги сите информации кои ги имате.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Мотивирани сте да работите и создавате заедно со соработниците. Имате доста енергија а тоа го одушевува вашето опкружување. Во љубовта ја криете љубомората и се преправате дека сте опуштени.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Важна ќе ви биде поддршката од другите било да се работи за материјална или емотивна поддршка Ако ја нема, ќе морате добро да се контролирате, посебно кон поривите на огорченост, импулсивност, одмаздољубивост или тенденција да се повлекувате и да ги сметате сите за непријателски расположени.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес би можело прилично да се исфрустрирате обидувајќи се да дојдете до одредена личност која ви е потребна деловно или приватно. Безбројните јавувања нема да помогнат. Најдобро би било да оставите порака и мирно да почекате таа особа да ве побара вас. Во меѓувреме најдете си забава која ќе ве опушти.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ситуацијата е вообичаена на деловен план. Немате посебни деловни обврски, па се чувствувате опуштено. Во љубовта се двоумите меѓу лице кое го познавате одамна и некое ново лице.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Разговорот со пријател во кој имате доверба, денес би можел да ви покаже нови деловни можности. Размислете за промена на работата или за промена на начинот на кој ја извршувате. Ќе морате добро да размислите за се бидејки така големи одлуки не се донесуваат нагло. Без брзање.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ако чекате некое решение, не оптеретувајте се со тоа. Денес ништо нема да биде дефинирано, затоа вратете им се на обврските. Во љубовта не е се онака како што ви се чини, подобрете го однесувањето.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Вашите финансиски цели се на раб на остварување, но потребно е да сработите уште неколку задачи за се да си дојде на свое место. Немојте да очајувате поради тоа. Обидете се да се ослободите од некои мали препреки за да си го олесните решавањето на некои поголеми работи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП