18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.12.2013

Дневен хороскоп 03.12.2013

horoskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можете лесно да најдете заеднички јазик со некој Лав или Стрелец. Некој Рак се обидува на поинаков начин да успее во врска со нешто што е поврзано со вас. Подготвени сте да му попуштите за повеќе прашања. Ќе добиете повик да се појавите во поголемо друштво. Транзитот на младата Месечина преку Стрелец ви носи многу радости во врска со претставниците од овој знак. Не влегувајте во непотребни конфликти со некој Овен или Јарец.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Лав, Рак или Јарец ќе очекуваат нешто од вас и тоа со полно право бидејќи вие им должите. За многу работи за кои сте размислувале не сте така заинтересирани како во претходниот период. Кога денот ќе привршува, вашите амбиции ќе бидат се поголеми во врска со работата која треба да ја обавите во јавност, бидејќи ќе проработи вашиот натпреварувачки дух. Сепак, подобро би било повеќе да се одморите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Со младата Месечина во Стрелец може со некој да најдете заеднички јазик или некого да надмудрите. Имате многу поголеми шанси за напредување отколку што мислите во моментов. Еден Рак се обидува да ве наговори на заеднички бизнис и не го одбивајте така лесно, прво распрашајте се за што се работи. Ова би можел да биде сјаен ден за амбициозните, уметнички настроените Близнаци кои точно знаат што сакаат.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Некој ќе побара финансиска помош од вас, внимавајте на неговите ветувања, можеби не се толку реални како што ви изгледаат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Периодот е одличен за работа, учење, а лош за соработка. Не се откажувајте од трговијата, склопување договори, книжевна работа и други активности. Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Нема заработка без ризик. Овој пат ризикот е минимален.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако не сте задоволни со моменталната ситуација, нетрпението и нервозата само ве успоруваат. Ослободете се од ваквите чувства, повеќе верувајте во себе. Вие имате доволно сила да се изборите и да ги придвижите убавите работи. Најдобро сте кога сте свои, самостојни. Околу вас има луѓе кои ќе ви дадат поддршка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите деловни соработници ќе посакаат да ја продолжат соработката со вас, обидете се да ги уверите дека нивната одлука е правилна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Морате сами да се изборите со проблемите што ви се натрупуваат и тоа многу брзо. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг. Внимавајте на парите, не ги трошете залудно, само што започна месецот. Ќе бидете повеќе од подготвени за учество во некои нови проекти.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Судири предизвикани со нечија критика би можеле да ве доведат во поголем проблем. Ако ви се случи ваква ситуација, немојте веднаш да реагирате. Размислете ова е секојпат добронамерно речено. Бидете внимателни кон почетокот од месецот. Набргу ќе ви се појават подобри влијанија кои ќе ви донесат разни видови договори и компромиси. Можен е важен деловен договор. Како што одминува месецот ве очекуваат се подобри и подобри случувања.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Најавени ви се ненадејни промени кон подобро. Ако успеете да го испрочитувате договорот со својот шеф, ќе влезете во исклучително активен период кој бара поголема одговорност и ангажман. Во спротивно кон крајот на месецот очекувајте сериозни критики. Почетокот на деловни активности, промена на работата а сето тоа позитивно ќе делува на вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е усмерено кон тоа да ги исполните што поодговорно и поуспешно. Парите кои очекувате да ви бидат вратени, можеби малку подолго ќе ги почекате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП