Луѓето доживуваат две нагли фази на забрзано стареење, откри истражување објавено во списанието Nature Aging.
Според таа студија, првиот „скок“ се случува во просек околу 44-годишна возраст, а вториот околу 60-годишна возраст, објави денес порталот „Science alert“.
Истражувачите од Универзитетот Стенфорд следеле 108 возрасни лица, земајќи примероци од крв, кожа и микробиом со повеќе од 135.000 биолошки карактеристики, во текот на неколку години.
Анализата покажа дека околу 81 процент од проучуваните молекули доживуваат ненадејни промени во двете фази, кои вклучуваат метаболизам на липиди и јаглехидрати, кардиоваскуларно здравје, функција на кожата и мускулите, имунолошкиот систем и бубрезите.
Првиот скок во средината на четириесеттите години вклучува промени кај мажите и жените, вклучувајќи ги и жените кои минуваат низ перименопауза, додека вториот во шеесеттите години предизвикува дополнителни молекуларни промени.
Авторите на студијата забележуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се разјаснат факторите што ги предизвикуваат овие ненадејни промени и подобро да се разбере биологијата на стареењето.



