18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКој се е посакуван на фудбалскиот пазар?

Кој се е посакуван на фудбалскиот пазар?

football-moneyd

Се наближува јануари и новата возбуда на пазарот, а кои се играчите кои можат да бидат ѕвезда на преодниот рок?

Во фудбалот од ден во ден се вртат се повеќе пари, доколку сте сопственик, како Манчестер Сити или ПСЖ, нема да ви биде проблем да одвоите сума од 50 милиони евра за некој фудбалер.

Многу се шпекулира за можните трансфери во текот на зимата, но колку од нив се навистина точни? Знаеме каква е состојбата во денешниот фудбал, ќе одиграте неколку добри средби во просечна лига и веднаш за вас пишуваат дека се заинтересирани Милан, Челзи или Арсенал, или можеби сите три веќе се натпреваруваат за вас.

Меѓутоа, имаше неколку играчи кои „експлодираа“ во оваа есен, некои се помалку, а некои повеќе познати и веќе се во погледите на клубовите со голема куповна моќ.

Нормално, имаше и многу промашувања и разочарувања, па одреден број на фудбалери кои не добиваа доволно можност за настап ќе се обидат да пронајдат нова средина.

Меѓу оние кои се истакнаа во оваа сезона, а кои би можеле да бидат ѕвезда на преодниот рок, секако е Диего Коста. Фудбалерот на Атлетико Мадрид оваа сезона досега постигна 14 погодоци во Примера, игра одлично и во Лигата на шампионите и за него се интересираат богатите клубови од Европа. Далеку од тоа дека го потценуваме Атлетико Мадрид, но во овој момент има и побогати клубови во Европа кои би сакале да го имаат во своите редови. Се надеваме дека не е само играч кој ќе „експлодира“ една сезона и потоа го нема никаде.

Втор на листата е одличниот Костатс Митроглу од Олимпијакос. За овој напаѓач исто така се интересираат голем број на клубови, а меѓу нив се одвојува Интер. Бизнисменот од Индонезија, Ерик Тохир, веќе најави три засилувања, а меѓу нив е и фудбалерот на Олимпијакос. Од друга страна, раководните лица на клубот од Пиреја истакнаа дека ќе биде многу тешко да го задржат еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Грција, па неговиот трансфер може да се случи веќе во јануари.

Андреј Јармоленко е уште еден во низата на играчи на кои им се предвидува голема иднина во некоја од најјаките лиги на светот. Дали фудбалерот на Динамо Киев конечно ќе си замине од Украина веќе во зимата, ќе се праша менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс кој за него се интересираше уште во текот на летниот преоден рок.

Грацијано Пеле е играч на Феенорд веќе втора сезона, а минатата постигна одлични 27 голови на 29 средби. И оваа тој тргна со исто темпо, на 12 натпревари на своето конто веќе има 10 погодоци. Па се очекува тој наскоро да го напушти Феенорд и да ја побара среќата во некоја друга лига.

Тука неможеме да го заборавиме ниту Немања Матиќ за кого се интересира пола Европа, но и Бенфика не се откажува така лесно од него.

Од оние најмладите ги издовјуваме Ришарио Живковиќ, фудбалерот на Гронинген, но тука е и Коке од Атлетико Мадрид. Секако неможеме да ги заборавиме Дракслер и Мајер од Шалке кои исто така се барана роба.

Андерсон, Чичарито, Канаваро, Хави Гарсија, Мата, Харт, Де Бруин, Дефо, Заха, Монреал се фудбалерите кои не добија доволно шанса во своите клубови и кои сакаат да ја променат средината доколку имаат желба да играат на Мундијалот во Бразил.

Сепак, останува да се види кои од овие фудбалери ќе бидат ѕвездите на преодниот рок или можеби ќе видиме некое големо изненадување, но до тогаш само ќе шпекулираме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП