5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTелеком Словенија ја зголеми нето добивката за 7 проценти

Tелеком Словенија ја зголеми нето добивката за 7 проценти

slovenija telekom

Словенечкиот национален оператор Телеком Словенија во првите девет месеци од оваа година оствари 599.1 милиони евра во оперативните приходи и 46.3 милиони евра во нето добивка, што е за 7 отсто повеќе од истиот период во минатата година. Ова го покажува неревидираниот финансиски извештај кој денеска беше објавен на интернет страната на Љубљанската берза.

Оперативниот профит од 63.4 милиони евра е за два отсто понизок отколку во првите три квартали од минатата година и тоа поради пониските приходи од продажбата на фиксната телефонија.

„EBITDA“ изнесуваше 188.7 милиони евра или 5 отсто помалку од истиот период минатата година. Во исто време , нето финансискиот долг на Телеком Словенија достигна 370.4 милиони евра, што претставува зголемување од седум проценти во однос на резултатот од минатата година.

Компанијата забележа раст на бројот на конекции и бројот на фиксни интернет конекции во првите девет месеци и тоа за 2 отсто во споредба со истиот период минатата година, а бројот на корисници на мобилните телефон за 7 проценти, а бројот на телевизиски приклучоци за 12 проценти.

Во компанијата за оваа година очекуваат дека ќе постигнат 50 милиони нето добивка, додека „EBITDA“ ќе изнесува до 245 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП