4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекорден износ за телевизиските права за NHL

Рекорден износ за телевизиските права за NHL

NHL_Beta

Раководството на северноамериканската хокеарска лига „NHL“ со компанијата „Rogers Communications“ потпиша 5.2 милијарди долари вреден договор за телевизиските права за телевизиски пренос во Канада од сезоната 2014./2015. дo 2025./26.

Ова е рекорден износ за телевизиски права за „NHL“.

Канаѓаните благодарејќи на овој договор кој на „Rogers Communications“ им дава право за пренос на сите натпревари од регуларниот дел, доигрувањата и финалето, ќе имаат подобар пристап до „NHL“ и преку безичните и мобилни производи.

„Rogers Communciations“ за телевизиски партнер ја одбра компанијата „CBC“ за англиското говорно подрачје во Канада, а „TVA“ за француското говорно подрачје. „TSN“, која досега пренесуваше 150 натпревари по сезона остана без ниту еден натпревар од „NHL“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП