
Овен (21.03 – 20.04)
Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов.

Бик (21.04 – 21.05)
Ќе потврдите дека умеете да заведувате. Склони сте кон флерт, а сега особено ви е нагласена таа склоност. Ќе зрачите со шарм и убавина и полни сте со желба за задоволства. Сепак избегнувајте непромислени љубовни афери.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема.

Рак (22.06 – 22.07)
Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можбеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

Лав (23.07 – 22.08)
Не ја прпуштајте приликата за нови љубовни познанства кои викендов ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.

Девица (23.08 – 22.09)
Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот. На професионален план ве очекуваат успеси и награди. Доза на внимание нема да ви штети.

Вага (23.09 – 22.10)
Без некоја поголема причина ќе бегате од партнерот и пријателите барајќи осаменост. Најдобро е кога би можеле да тргнете во прошетка, кино, попладневно кафе и сл. Потребна ви е одредена мерка на слобода или можеби нова љубовна врска.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистина ви прави големи проблеми. Бидете потолерантни и не влегувајте во бурни распрвии.

Водолија (21.01 – 19.02)
Во однос на работата викендот ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро.

Риби (20.02 – 20.03)
Проблемот кој викендов ќе го имате се однесува на вашето здравје. Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете на нормална мера.



