Семејството „Bronco“ на „Ford“ повторно се шири. Додека стандардните „Bronco“ и „Bronco Sport“ се веќе достапни во САД, а „Bronco EV“ е достапен само во Кина, наскоро доаѓа нов plug-in хибрид – само за Европа.
Според „Automotive News Europe“, „Ford“ ќе претстави нов компактен „SUV“ во 2027-ма година кој ќе го носи името „Bronco“.
Овој модел ќе биде помал од сегашниот модел „Kuga“/„Escape“ и сосема различен од „Bronco“ што се продава „преку барата“. Ќе се произведува во фабриката на „Ford“ во Валенсија, каде што моментално се склопува „Kuga“.
Во однос на позиционирањето, новиот модел ќе се вклопи помеѓу „Puma“ и „Kuga“, со помодерен дизајн прилагоден на европската побарувачка за урбани „SUV“ возила. Доаѓа како plug-in хибрид, иако има гласини дека „Ford“ подготвува поширока понуда со „мулти-енергија“.
Европскиот „Bronco“ не е само уште еден SUV во гамата. Овој модел претставува важен стратешки чекор за оживување на производството во Шпанија, бидејќи Валенсија веќе некое време е под лупа поради реструктуирање.
Прекинувањето на производството на модели како што се „Mondeo“, „Galaxy“ и „S-Max“ остави празнина што „Bronco“ сега треба да ја пополни.
Во моментов, во шпанската фабрика се произведува само „Kuga“, така што новиот „Bronco“ би можел да донесе нов импулс и да го зголеми обемот на производство, а доаѓа во време на големи промени за „Ford“ и јасно ја покажува насоката во која се движи компанијата во Европа.



