
Овен (21.03 – 20.04)
Некој од надредените или деловните соработници врши огромен притисок на вас. Време е да ги „покажете забите“. Доколку ви се допаѓа одредено лице во знакот на Вага, денес е идеален ден да го покажете тоа.

Бик (21.04 – 21.05)
Со наглите промени на финансискиот план ќе се чувствувате несигурно и незадоволно. Сметате дека саканото лице треба да ве поддржува во се. Сепак реалноста е малку поинаква.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можни се големи промени на финансискиот план. Не дозволувајте некој да ве потиснува. Љубоморни сте и тоа сосема отворено го покажувате. Саканото лице смета дека грешите и претерувате.

Рак (22.06 – 22.07)
Можно е да зажалите бидејќи сте откажале некоја деловна соработка. Не се грижете, периодот ќе биде премногу погоден, барем кога станува збор за работата. На љубовното поле ви се допаѓа некоја личност која е помлада од вас.

Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекуваат лоши вести поврзани со некои невижнини или земјиште. Во љубовта не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

Девица (23.08 – 22.09)
Доколку сте имале било какви недоразбирања со деловниот партнер денес или ќе ги решите или ќе ја прекинете соработката. Препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег на љубовен план.

Вага (23.09 – 22.10)
Неповолен ден за донесување на одлуки. Одложете ги состаноците за крајот на неделата. Делувате многу нервозно и несигурно, саканото лице на тој начин доаѓа до заклучок дека нешто не е во ред.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не реагирајте во афект, немојте да донесувате никакви избрзани одлуки. Дајте си на себе си повеќе време. Во љубовта можно е да имате прилика да влезете во фаза на одалечување. Ве советуваме добро да размислите.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува мала расправија или проблем во комуникацијата со надредените. Тензијата меѓу вас и саканото лице е се посвежа. Обидете се да го решите тоа пред проблемот да кулминира.

Јарец (22.12 – 20.01)
Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете. Не се грижете, ќе дојдат и вашите 5 минути. Не ви се допаѓа ставот на саканото лице кон вас. Можна е сериозна расправа.

Водолија (21.01 – 19.02)
Денот не е добар за средување на хартии со важни податоци. Одложете го тоа за наредната недела. Во љубовта овој период е можеби најдобриот малку да се дистанцирате од саканото лице и да размислите за се.

Риби (20.02 – 20.03)
Престанете да се потпирате на среќата, не секогаш ќе биде на ваша страна, кога станува збор за работата. Ве очекува драстична промена на љубовен план. Можни се мали проблеми со грбот.



