Само четири месеци по неговото назначување, тренерот на ПСЖ, Лоран Блан е блиску до продолжување на договорот, објавија медиумите во Франција. Според информациите тој веќе ја заработил довербата на претседателот на клубот Насер ал Хелаифи.

Актуелниот договор на Блан, кој е за 1+1 година, може да биде продолжен за уште две. Се очекува платата на Французинот да биде околу 6 милиони евра по сезона.
Со доаѓањето, Блан успеа да го задржи шампионскиот ритам на ПСЖ. Тимот од Париз е на лидерската позиција во Лига 1 со 34 поени, а по 14 одиграни кола се уште немаат пораз.
Како беше објавено во медиумите, раководството на клубот ја научило лекцијата по случајот со Карло Анчелоти. Италијанскиот тренер го одведе тимот до титулата, но и покрај желбата на сопствениците да го задржат, тој одбра да го прифати предлогот на Реал Мадрид.