30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ90 компании на „ѕидот на срамот“

90 компании на „ѕидот на срамот“

Northern Town Sunset

Од 1751-та до 2010-та година во атмосферата се испуштени 914 гигатони јаглеродиоксид.

За дури 63 проценти од загадувањето одговорни се 90 компании, а од сите нив само седум не се занимаваат со производство на нафта, јаглен и земјен гас, туку се цементарници, пренесува „Гардијан“.

„Во светот постојат илјадници производители на јаглен, нафта и гас, но ако се соберат луѓето кои ги донесуваат одлуките, тие ќе се соберат во еден или два автобуси“, истакнува авторот на извештајот Ричард Хид.

Половина од емисиите, кои се констатирани во анкетата се исфрлени во атмосферата во последните 25 години – долго време по моментот кога владите и корпорациите сфатија дека зголемувањето на штетните гасови од согорувањето на нафтата и јагленот, доведува до опасни климатски промени, забележува „Гардијан“.

Меѓу 90-те компании има 50 концерни, во сопственост на приватни инвеститори – главно познати нафтени гиганти како „Chevron“, „ExxonMobil“, „BP“, како и компаниите за јаглен „BHP Billiton“.

Околу 31 се државни компании како саудиската „Aramco“, руската „Газпром“ и норвешката „Statoil“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП