29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.11.2013

Дневен хороскоп 20.11.2013

hroskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не треба лесно да се откажете од своите планови ниту да се откажете од нешто за што сте размислувале веќе подолго време само затоа што се плашите од неизвесност. Прашањето е дали сето тоа што го работите ќе ви се исплати, но сигурно е дека сте на прав пат себеси да си обезбедите дополнителен хонорар, особено кога станува збор за соработка со некој кој долго го познавате. Дури и ако станува збор за личност која не е посебно пријатна, вие верувате дека ќе воспоставите пријатен однос.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината во вечерните часови навлегува во знакот на Рак што на вас би можело да ви донесе нови можности околу пронаоѓањето на нова работа. Можно е во тоа да ви помогне некоја женска особа со која одлично се разбирате во сите прашања или се работи за некој кој го сметате за свој добар пријател. Добро соработувате со оние со кои ве делат голем број на години, независно од тоа дали и припаѓате на младата или повозрасната генерација.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би требало во следните неколку дена да имате еден куп прилики да им помогнете или да им услужите на одредени личности, луѓе кои не мора да се од вашето место на живеење, можеби и странци, или да бидете ангажирани во некакви организации, презентации, создавање на некаков имиџ или слика за нешто пошироко во нашата земја, можеби и конкретно за земјата, недвижностите или пак банките, инвестициите, поволностите во таа смисла. Можеби самите ќе се движите во тие области по свои потреби и сето би требало да биде доста позитивно и успешно, особено некакви судски исходи и решенија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес расположението и емоциите на луѓето околу вас ќе имаат огромно влијание на тоа како се чувствувате и како се однесувате. Лесно ќе ве расплаче нечија тажна приказна или пак ќе ве „зарази“ нечија позитивна еуфорија. Па, внимателно избирајте со кого ќе го поминете денот. Со одредена доза мудрост и професионална тактика, лесно можете да се наметнете пред соработниците кои имаат важна улога во работните преговори. Успевате да ги остварите своите основни намери на некој заобиколен начин и со дополнителен ментален напор.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нагласените знаци како што се Близнаците и Ракот со транзит на Месечината ви носат брзи промени на расположението и извесна доза на попустливост поради која се трудите да сфатите некој кој ви ги кажува неговите проблеми , но колку и да посакувате да му помогнете ќе сфатите дека станува збор за личност која повеќе сака да биде во центарот на вниманието отколку да ги реши своите проблеми. На некого му е особено важно да ве задржи како соработник.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Прилично нестабилности и поделени чувства во однос на некаква ваша јавност или случувања во неа, значи во вашата околина или по прашање на некакви случувања во врска со вашиот партнер. Можни се добивања на многу непроверени и искривени информации од блиски личности, некакви мали ситни лаги кои веднаш ќе ги забележите поради нелогичноста и неспонтаноста која ја носат сите измислици во себе. Најчесто ќе ви ги пласираат ептен блиски личности од вашето опкружување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу разни емотивни состојби можат да ве обземат во текот на следните неколку дена, но истите ќе се обидете на својствен начин да ги скриете и да не ги покажувате пред другите иако може и да не успеете во тоа, па да имате некаква емотивна ерупција или испад, посебно кон едниот родител, близок на партнерот и сл. некаква нереална загриженост поради вашиот статус, поради вашата професионална дејност и слично.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето зравје. Вложете во образованието. Среќни сте и задоволни, полни со позитивна енергија.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо. Поминете извесно време сами и концентрирајте се на задачите кои се препуштени во ваши раце. Не ги разочарувајте блиските, бидејќи тие имаат многу големи очекувања од вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Останете на својот став и не дозволувајте никој да ве оптеретува, особено кога станува збор за вашата кариера, а знаете и зошто. Имате јасна цел и нема да се откажете од своите планови дури и ако една Шкорпија која за вас е авторитет, се обиде да ве наговори на нешто што таа го смета за правилно. Ако имате некаков проблем на работа однесувајте се сталожено и не дозволувајте туѓите проблеми за вас да бидат приоритет. Можна е соработка со странци кои сте ги запонале на неодамнешен краток пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП