3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСнајдер за Ел Шарави!?

Снајдер за Ел Шарави!?

AC Milan v Cagliari Calcio - Serie A

Галатасарај е подготвен да понуди пари и Холанѓанецот во замена за „Фараонот“.

Роберто Манчини го посакуваше Ел Шарави и во Сити, но оттогаш младиот напаѓач воглавном е во втор план во Милан, а оваа сезона е и повреден.

Според информациите кои се појавија, Милан би можел да го продаде, а пак во Галатасарај сметаат дека би можеле да си дозволи да платат 30 милиони евра за овој играч.

Како мамка би можел послужи Весли Снајдер. Холанѓанецот е далеку од некогашната форма, а проблем е и тоа што не се снајде добро во Турција, па сака да се врати во европскиот запад, а враќањето во Италија би била одлична можност за него.

Тој е многу заинтересиран за оваа солуција, но треба да се запраша Милан, како и самиот Ел Шарави кој веќе одби да се пресели во Русија, поточно во Анжи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП