10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Старата дама“ тргнува по Манџукиќ

„Старата дама“ тргнува по Манџукиќ

mario pirlo

Италијанскиот шампион Јувентус ја започна офанзивата за доведување на хрватскиот напаѓач на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ, и тоа во текот на летото на 2014-та година, соопштува „Тутоспорт“.

Агентот на играчот, Иван Цветковиќ бил присутен на натпреварот од Лигата на шампионите Јувентус – Реал Мадрид и разговарал со шефовите на торинскиот гигант. Очекувањата се дека тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола нема да се спротивстави на трансферот, кој може да донесе солидна сума пари во касата на „баварците“.

И покрај одличната игра на тандемот Тевез-Љоренте, сепак раководството на „старата дама“ сериозно размислува да ја засили конкуренцијата во нападот. Пред некое време беше најавено дека „бјанконерите“ се заинтересирани за Луис Суарез, а се споменуваше дека за играчот на Ливерпул како дел од договорот би ги понудиле дури и Маркизио и Бонучи.

Останува да се види, дали ова се само шпекулации и какви чекори ќе превземат првите луѓе на клубот од Торино.

Инаку за Манџукиќ интерес има и од страна на Реал Мадрид, каде што се подготвени да платат за него меѓу 35 и 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП