27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве ги дава Маркизио и Бонучи за Суарез

Јуве ги дава Маркизио и Бонучи за Суарез

luis suvares

Карлос Тевез и Фернандо Љоренте се подобро фукционираат во нападот на Јувентус, но италијанскиот првак има во план да ја зголеми конкуренцијата на оваа позиција, па во јануари сакаат да го доведеат Луис Суарез да им помогне во одбраната на Скудетото.

На „Старата дама“ сериозно и се заканува лидерот Рома, кој се уште нема пораз, но и Наполи, па така во Торино смислија пеколен план.

Кога слушнаа дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за Клаудио Маркизо, тие решија да го испратат 27-годишниот везиста на „Енфилд“ заедно со Леонардо Бонучи, а во замена го бараат, ни помалку, ни повеќе, туку Луис Суарез.

Уругвајскиот голгетер е меѓу најдобрите играчи на „црвените“ кој во летниот преоден рок несакаа да го продадат на Арсенал за 40 милиони фунти, но бидејќи Маркизио го бараат и Манчестер Јунајтед и Челзи, не е исклучено токму во зимскиот преоден рок да попуштат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП