5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL објави загуба

MOL објави загуба

mol1

Унгарската нафтена и гасна групација „MOL“ соопшти дека третото тромесечје го заклучила со нето загуба.

„MOL“ соопшти дека тоа е поради отписот во врска со преуредувањето на италијанските рафинерии во логистичкиот центар, додека секторот за преработка и продажба ги забележал најдобрите резултати во последниве три години.

Во периодот од јули од септември „MOL“ забележал нето загуба од 30 милијарди форинти (133 милиони долари) поради преуредувањето на рифинериите во Монтова во логистичкиот центар, што со себе донесе отпис во износ од 123 милијарди форинти. Во истиот период минатата година компанијата забележила нето добивка од 67,6 милијарди форинти.

Чистата добивка според каматата, даноците, депресијацијата и амортизацијата, на годишно ниво е намалена за осум проценти, но во однос на претходното тромесечје е зголемена за 20 проценти и изнесувала 138 милијарди форинти.

Нето приходите изнесувале 1.429 милијарди форинти и стагнирале на годишно ниво, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП