3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате да ја зголемите тежината? Еве како...

Сакате да ја зголемите тежината? Еве како…

C

Да добро прочитавте, најголем дел од луѓето се борат со вишокот килограми и постојано се во потрага по нова диета за слабеење, но има и многу луѓе кои се обидуваат да ја зголемат својата тежина.

Ако сте од втората група, сигурно ви е смачено луѓето да ве игнорираат и да ве гледаат со недоверба кога ќе кажете дека очајно сакате да се здебелите и дека не можете.

Премалата тежина може да предизвика исто толку здравствени проблеми како и прекумерната. Затоа, потребно е да ги земете работите во свои раце и да започнете малку по малку да го оформувате своето тело.

Постојат два начини за да ја зголемите својата телесна тежина – или преку масни наслаги или преку мускулна маса.

Создавањето на мускулна маса е најдобриот начин да го подобрите вашиот изглед. Ако вежбате умерено, не треба да се плашите дека ќе започнете да личите на бодибилдер.

Консумирањето на брза и мрсна храна не е здрав начин за зголемување на тежината. За да го зачувате вашето здравје и контролирано да се дебелеете, треба да се насочите кон здрава храна.

Вашето мени треба да вклучува:

-здрави масти како омега-3 масни киселини, кои ги има во туната, лососот, ленот и оревите;

-добри протеини присутни во кревкото месо, рибата, месото од домашни птици, јаткастите плодови, семињата и мешунките;

-здрави јаглехидрати, чии најдобри извори се овошјето, зеленчуците и житариците.

Внесувајте 500-700 калории повеќе од вашите дневните потреби. Така ќе ги качувате килограмите контролирано. Најздраво е да се насочите кон зголемување на тежината со 0,5-1 килограм неделно, но не и повеќе.

Ако не сте навикнати да јадете многу обилно, најдобро е сега да започнете да јадете 5-6 пати дневно.

Ако пушите, намалете ги колку што можете цигарите, затоа што го убиваат апетитот. Истото важи и за кафето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП