5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи ќе потроши 50 милиони евра за засилувања!

Наполи ќе потроши 50 милиони евра за засилувања!

napoli ekipa

Сопственикот на Наполи, Де Лаурентис, нема да жали пари во јануарскиот преоден рок за екипата да ги оствари посакуваните резултати во Серија А и Лигата на шампионите.

Аурелио Де Лаурентис изјави дека ќе потроши 50 милиони евра на нови засилувања во јануари, се со цел во продолжение од сезоната неговата екипа да биде конкурентна во освојувањето на титули.

Тимот од Неапол моментално е трет во Серија А, засостануваат три бода зад Јувентус и четри зад лидерот Рома. Во Лигата на шампионите ги очекува голема борба со Арсенал и Борусија Дортмуд за пласман меѓу најдобрите 16 екипи.

Контроверзниот претседател веќе потроши голема сума на пари за засилувања во летниот преоден рок, но изјави дека клубот нема застане.

„Во јануари ќе морам да потрошам уште 50 милиони евра на засилувања, доколку сакаме да бидеме уште поконкурентни“, изјави Де Лаурентис за италијанските медиуми.

„Не е лесно да остварите успех, ако не трошите многу пари, и тоа е нешто што морам да го прифатам. Од големо значење е да се пласираме во следниот круг во Лигата на шампионите, само така врвните играчи ќе сакаат да дојдат во нашиот клуб“, уверен е претседателот на „неаполитанците“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП