26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChevron ќе плати казна од 9.5 милијарди долари

Chevron ќе плати казна од 9.5 милијарди долари

chevron ekvador

Американската нафтена компанија „Chevron“ на државата Еквадор мора да и плати парична казна од 9.5 милијарди долари.

Врховниот суд во Еквадор ја потврди пресудата според која американскиот нафтен гигант е одговорен за еколошката катастрофа во сливот на реката Амазон.

Со ова е потврдена пресудата од 2012-та година која е донесена против подружницата на „Chevron“, компанијата „Teхасо “, но значително е намален износот на оштетата од првичните 19 на 9.5 милијарди долари.

Уште минатиот месец, „Chevron“ во њујоршкиот суд се обиде да издејствува неплаќање на казната, така што преку главниот судија во Њујорк сакаа да го убедат населението на Еквадор и борците за заштита на средината да не ја платат оштетата.

„Chevron“ никогаш директно не работеше во Еквадор, но ја наследи тужбата за загадувањето кога во 2001-ва ја превзема компанијата „Техасо“.

Според жителите во таа област, како последица од излевањето на нафтата во реката, неколку илјади од нив се разболеле, а многумина добиле рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП