8 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМеморандум за соработка помеѓу Македонско Кредитно Биро и АУЕ - ФОН: Заеднички...

Меморандум за соработка помеѓу Македонско Кредитно Биро и АУЕ – ФОН: Заеднички чекори кон знаење и практична подготвеност

На 6 мај 2025 година, Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка кој означува почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите.

Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро м-р Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска. Оваа соработка претставува заедничка заложба за создавање на услови кои ќе овозможат трансфер на знаење, истражувачка соработка, стручна експертиза, како и реализација на практична настава и професионални обуки.

Соработка опфаќа широк спектар на активности, меѓу кои:

-Спроведување на заеднички научни и стручни истражувања;
-Организирање на конференции, семинари, курсеви и други образовни настани;
-Вклучување на експерти, гостински предавања од МКБ на АУЕ – ФОН;
-Стекнување на практични вештини од страна на студентите преку клиничка настава и обуки во реална работна средина;
-Заедничко учество на кариерни саеми и други настани насочени кон развој на човечки капитал.

Целта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот, со фокус на создавање кадар подготвен да одговори на современите предизвици и потреби на пазарот на труд. Иницијативата има за цел и да ја зајакне врската меѓу образованието и практиката, во насока на креирање на реални можности за младите и идните професионалци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП