Електричниот подбренд на групацијата „Volkwsagen“, „AUDI“ (да не се меша со „Audi“), го претстави својот прв модел на шангајскиот саем за автомобили во 2025-та година.
„AUDI E5 Sportback“ е издолжен, брз кросовер, со тенки светла напред и назад и претежно „аголни“ карактеристики на каросеријата. Основната „напредна дигитализирана платформа“ е развиена од „Audi“ – Германија и „SAIC“, и ќе му даде на „E5“ голема флексибилност, овозможувајќи различни излезни моќности.
„AUDI E5“ ќе се нуди во четири варијанти, со моќност од 295 ks, 402 ks, 570 ks и 776 ks со погон на задните тркала или „quattro“ погон на сите четири тркала. Како што е наведено, со најмоќниот пакет опрема, може да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди.

Без оглед на излезната моќност, „E5“ добива батерија од 100 kWh со архитектура од 800V што може да додаде 370 км опсег за 10 минути. „AUDI“ тврди дека овој модел има максимален дострел од 770 километри.
Внатрешноста е модерна како што би очекувале, со 27-инчен 4K инфозабавен екран кој се протега по целата должина на контролната табла и содржи чипсет Qualcomm Snapdragon 8295.

Освен што изгледа добро на хартија, ќе напојува и AI асистент што веројатно нема да го користите заедно со „LiDAR“, ултразвучни сензори, камери и она што „AUDI“ го нарекува „неколку мултимодални сензорски единици“.
Сето ова игра улога во системот за помош на возачот, кој наводно е дизајниран за „сложени градски услови на возење“. Дали станува збор за автономија од ниво 2 или ниво 3, останува да се види.

Два дополнителни модели на „AUDI“ ќе бидат лансирани во 2026-та и 2027-ма година, иако производителот не прецизираше за каков вид автомобили станува збор. Доколку планираат да ги следат актуелните автомобилски трендови, веројатно треба да очекуваме теренец и седан.
Останува да се види дали „AUDI“ може да ги надмине компаниите субвенционирани од државата како што се „BYD“ и „NIO“, кои предизвикаа пад на продажбата кај другите производители на автомобили во земјата.