
Овен (21.03 – 20.04)
Овој викенд бидете внимателни и не решавајте ги проблемите со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.

Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Здравствената состојба ви е чуствителна, ве очекуваат проблеми со крвотокот.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ова би можел да биде одличен викенд за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети. Ако сте помалади не ги прифаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест од странство.

Рак (22.06 – 22.07)
Треба да го искористите вашиот шарм и да се поставите поодговорно кон оние на кои нешто сте им ветиле. Со љубезност можете многу да постигнете, особено ако работите со жени или ако во вашата работа е потребно да покажете емоции и емпатија. Најдете време и за малку одмор.

Лав (23.07 – 22.08)
Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Овој викенд можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.

Девица (23.08 – 22.09)
Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични, ве очекува викенд исполнет со љубов и разбирање.

Вага (23.09 – 22.10)
Викендов ќе решавате некои финансиски проблеми или некои професионални дилеми со колегите или семејството. Ќе добиете вести од странство во врска со работата која би требало да ви помогне да заработите поголем профит. Денес избегнувајте ги семејните кавги.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов може да биде одличен за пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки,. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Викендов ќе почувствувате нервоза која ќе влијае и на пријателите, и тие ќе почнат да се повлекуваат. Не се навикнати да ве гледаат во такво светло и ќе решат да ве остават на мира за да се соземете. За среќа, таквите состојби кај вас ќе траат кратко и брзо ќе се вратите во нормала. Недостигот на финансии може да ви ги наруши односите со партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)
Родените во втората декада се под добро влијание на Меркур кој им носи добри можности за напредување. Оние кои бараат работа може да ја најдат во некоја финансиска или медиумска установа. Ако сте родени на крајот на знакот, можете да очекувате повик од еден Бик или Вага во врска со нешто важно.

Водолија (21.01 – 19.02)
Се уште се двоумите околу некои планови кои ги имате околу реновирање на домот. Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги одложите плановите за следниот викенд.

Риби (20.02 – 20.03)
Овој викенд ќе биде потребно да вложите поголем труд за да го постигнете она што е во вашите планови. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат непријатности на љубовното поле, обидете се да ги надминете.