
Во Шведска денеска беше соопштено дека на 27 март следната година ќе биде пуштена во продажба поштенска марка со ликот на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.


Во Шведска денеска беше соопштено дека на 27 март следната година ќе биде пуштена во продажба поштенска марка со ликот на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
– Вообичаено на сметките кои ги добивам има марки кои не се многу убави. Можеби сега ќе биде поразлично, е коментарот на Ибрахимовиќ за издавањето на марка со неговиот лик.
Актуелниот член на Пари Сен-Жермен и шведски репрезентативец е кандидат за освојување на „Златната топка“, награда која Светската фудбалска асоцијација – ФИФА ја доделува на најдобриот играч во годината.
Златан Ибрахимовиќ во националниот дрес на Шведска има одиграно 94 натпревари и постигнато 46 погодоци.